По поразот во претходното коло, Лестер повторно се врати на победите во Премиер лигата сега на домашен терен во 27. коло славејќи минимално со 1-0 против еден од најслабите тимови во лигата, Норвич.
Домашните имаа можност за да дојдат до предност уште во првиот дел, но долго се мачеа да отворат резултат, се до 89. минута кога со погодокот на Леонардо Улоа стигнаа до толку посакуваните три бода.
До три бода дојде и Челси, и тоа со пресврт во второто полувреме победувајќи со 1-2 на гостувањето против Саутемптон. Домашните поведоа со голот на Лонг во 42. минута, но во вториот дел Фабрегас најпрво во 75. минута израмни, а „сината“ доминација беше крунисана и со втор гол во 89. минута преку српскиот интернационалец Ивановиќ.
Резултати Премиерлига:
Лестер – Норвич 1-0
Саутемптон – Челси 1-2
Стоук – Астон Вила 2-1
Ватфорд – Бурнмаут 0-0
ТАБЕЛА: Лестер 56 бода, Тотенхем (-1) 51, Арсенал (-1) 51, Манчестер сити (-1) 47, Вест Хем 43, Манчестер јунајтед (1-) 41, Саутемптон 40…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)