Северна Кореја разви ново противтенковско оружје за кое нејзиниот лидер Ким Џонг Ун тврди дека дека пред него се распаѓаат и најотпорните непријателски тенкови како „зрела тиква“.
Ким за време на тестирањето на ласерски наведуваниот преносен ракетен фрлач изјави дека тоа ново оружје има најголем дострел на светот и дека е прецизно како снајпер, јави Танјуг.
– Со задоволство забележав дека пред нашето противтенковско оружје специјалните тенкови и оклопните возила со чија ударна сила се фали нашиот непријател, се распаѓаат како зрела тиква, рече тој.
Ким нареди што е можно поскоро да почне масовното производство на новото оружје, кое ќе ги користи војската на Северна Кореја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.