ИлијаТренчев информираше дека првите количини од околу дваесетина тони вредни околу 30 до 40 илјади евра деновиве веќе ја поминале границата.
– Најголемо наше задоволство кое заслужува многу големо внимание оти токму во Кавадарци дојде оваа германска инвестиција при што засега се вработија над 300 работници а во неколку фази ќе се вработат околу 4 илјади работници. Владата на Република Македонија има голема заслуга за тоа што германскиот инвеститор дојде во градот на виното. Менаџерскиот тим на компанијата исто така има голема засуга затоа што создаде добар тим на работници кои успешно го реализираа првото производство по највисоки стандарди. Ова е голем успех за сите нас и јас посакувам тој извоз постојано да расте. Морам да нагласам дека нашите работници се вредни и со првото производство потврдија дека знаат да произведат квалитет – вели Тренчев, претседател на општината Кавадарци.
Сега се спремала и втората количина која требало да биде извезена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)


