
Подметнувањата што ги прави изминативе денови за Законот за помилување се очигледни. Луѓето од Сорос и СДСМ порано тврдеа дека ограничувањето на правото за помилување е противуставно. Но, сега манипулираат и прават протести – објави „Курир“.
Се работи за класично подметнување каде иницијативата на еден адвокат се поистоветува со ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија, пак, беше иницијатор на измените на законот за да НЕ се помилува за изборни насилства, педофили и терористи – напиша порталот Курир, додавајќи:
СДСМ со ваквото подметнување и неискрен однос има за цел да ја држи темата актуелна и да се претстави како душегрижник. Синот на првоосомничениот во „Пуч“, Зоран Верушевски, треба да одговара за дела поврзани со детска порнографија. На овој начин СДСМ дефокусирајќи ја јавноста за изборните насилства и лепејќи се исклучиво на таа тема, сака да даде можност и отвора пат за амнестија на синот на Верушевски, соработникот на Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ посочи дека СДСМ продолжува во својот препознатлив стил и шема на манипулаирање да се обидува да ја манипулира јавноста и да лаже дека ВМРО ДПМНЕ стоело зад одлуките на Уставен суд.
-Јавноста неодамна преку медиумите дозна дека СЈО без основа го побарало и предметот за педофилија кој се води против членови на семејството на Зоран Верушевски, осомничен во предметот „Пуч“ и близок соработник на Зоран Заев. Затоа ВМРО ДПМНЕ отворено се сомнева дека токму СДСМ има најголем интерес за една ваква одлука. Соросовите невладини кои организираат протести пред Уставниот суд како и обично се таму за да го одбранат интересот на СДСМ – прокоментираа тие.
СДСМ и Зоран Заев сфатија дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не успеа да направи ништо, бидејќи за нејзините сомненија нема никакви докази и јавноста сфати дека се конструира политичка хајка. Темата што сакаа да ја наметнат за наводни избори нерегуларност, од јавноста и експертската јавност беше прочитана уште вториот ден – коментира Курир.
По кривичните пријави за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и генераниот секретар на Владата Кирил Божиновски, народот ги прочита СЈО и Јанева дека политички одработуаат и затоа анкетите за СЈО се такви.
Според познавачите, наметнувањето со темата за Устаниот суд е начинкако да ја продолжат самите наводната афера со изборни нерегуларности, напаѓајќи го ВМРО-ДПМНЕ неосновано, а паралелно да отворат и простор за можност за синот на Зоран Верушевски, кој самиот одговара за педофилија. Не е исклучено зад ваквата тактика да стои лично Верушевски или пак српската агенција Фактор Плус Адриа, која воедно во јавноста објавува штелувани анкети, но дури и на тие анкети СДСМ повторно губи. Оваа српска агенција е блиска до агенцијата Рускин и Хант која што е компромитирана ПР-агенција која во српските медиуми се оценува како продавачи на скапа магла, и чии луѓе го советуваат и лидерот на опозицијата Зоран Заев – пишува порталот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
Уставниот суд на 19 септември ќе ги разгледува иницијативите за поништување на одлуката за распишување на референдум
-
СДСМ ВО 2014: Ерга омнес е неприфатливо
-
СДСМ: Граѓаните се за светла иднина, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став за референдумот


