Нов терминал, вреден 1,2 милијарди долари на меѓународниот аеродром во Дубаи отворен е денеска со летот од Лондон на авио-компанијата „Бритиш ервејз“.
Новиот терминал ќе го зголеми капацитетот на аеродромот од 75 милиони на 90 милиони патници годишно.
Терминалот Д ќе им биде на располагање на повеќе од 70 меѓународни авио-компании, кои доаѓаат и заминуваат од меѓународниот аеродром во Дубаи, најфреквентен на Блискиот Исток.
Компаниите „Бритиш Ервејз“ и „Ројал Џорданиан“ први ќе го користат новиот терминал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)