| четврток, 6 декември 2018 |

Кога парите се пред информацијата

Во оп­штес­тво­ во кое се­кој се за­ни­ма­ва со се­бе, се по­стиг­на по­ли­цај­ци­те да се бра­нат од по­ли­ци­ја­та, об­ви­ни­телс­тво­то од об­ви­ни­те­ли­те, а по­ли­ти­ка­та од по­ли­ти­ча­ри­те и, се­ка­ко, но­ви­нарс­тво­то да се бра­ни од но­ви­на­ри­те. За ова пос­лед­но­во, до­де­ка се ба­ра „ре­ше­ние на хар­ти­ја“, про­фе­си­о­нал­ни­те стан­дар­ди оста­ну­ва­ат ток­му та­му - са­мо на хар­ти­ја. Јав­но­ста, пак, си фа­ќа се­ир че­кај­ќи ја след­на ме­ѓу­на­род­на јав­на по­ну­да за фе­ла­цио

Ќе до­жи­вее ли ма­ке­дон­ско­то но­ви­нарс­тво да не се за­ни­ма­ва са­мо со се­бе? Ве­ро­јат­но, да. Но, да­ли си­те ќе би­дат за­до­вол­ни? Уште по­ве­ро­јат­но, од­го­во­рот е – не! До­де­ка Ма­ке­до­ни­ја се тур­ка во ви­о­рот се­ко­ја про­фе­си­ја да би­де ос­по­ру­ва­на и ста­ве­на во по­зи­ци­ја да се до­ка­жу­ва де­ка е про­фе­си­о­нал­на, но­ви­нарс­тво­то по на­ле­тот на за­лу­та­ни и не­ре­а­ли­зи­ра­ни „ви­ру­си и ба­кте­рии“ по­втор­но се бра­ни са­мо од се­бе.

Но­ви­нар­ски­от ес­наф, тер­мин зад кој се кри­јат тие што ја кид­на­пи­раа нај­ста­ра­та но­ви­нар­ска ор­га­ни­за­ци­ја во зем­ја­ва, пре­дол­го нур­ка­ат во по­ли­ти­ка­та ба­рај­ќи не из­лез за но­ви­нарс­тво­то, ту­ку ли­чен из­лез од не­го. Стан­дар­ди­те се­га се на по­ви­со­ко ни­во од порт­па­рол­ски по­зи­ции во се­ктор­ски­те ми­ни­стерс­тва, отка­ко по­ра­неш­ни­от но­ви­нар­ски ли­дер се „одро­ди“ од но­ви­нарс­тво­то и се­га е ли­чен во­дач на опо­зи­ци­ска­та гла­ва низ ме­ди­ум­ски­те ла­ви­рин­ти. Во пар­ти­ска­та кан­це­ла­ри­ја на СДСМ за ко­му­ни­ка­ции со јав­но­ста, пак, се ре­а­ли­зи­ра­ат и дру­ги но­ви­нар­ски ими­ња. Тре­ти, пак, до­би­ја шан­са пре­ку бо­жем­ни гра­ѓан­ски здру­же­ни­ја (по­пу­лар­но „пор­тал­чи­ња“) да си игра­ат ме­ди­у­ми со се­срд­на се­стрин­ска по­мош од фон­до­ви­те од над­вор. От­ту­ка и не е за из­не­на­ду­ва­ње де­ка сли­чен ан­гаж­ман ба­ра­ат и акту­ел­ни­те здру­же­ни и син­ди­кал­ни но­ви­нар­ски си­ли. Имај­ќи го тоа пред­вид, те­шко де­ка не­кој ги раз­би­ра се­ри­оз­но, а ба­ра­ња­та за про­фе­си­о­нал­но но­ви­нарс­тво и стан­дар­ди за син­ди­кал­но по­де­ле­ни­те свир­чи­ња зву­чат ка­ко ба­ра­ње да се учес­тву­ва во по­ли­тич­ки­те пре­го­во­ри што ќе овоз­мо­жат по­ши­ро­ка из­лез­на пор­та од ес­на­фот. Ко­га глав­на вест ста­ну­ва но­ви­на­рот, а не ин­фор­ма­ци­ја­та, то­гаш ра­бо­ти­те се со­се­ма за­вр­те­ни на­о­па­ку.

Ни­кој не е слеп за да не ви­ди де­ка се по­треб­ни про­фе­си­о­нал­ни ме­ди­у­ми и по­чи­ту­ва­ње на но­ви­нар­ски­те стан­дар­ди. Са­мо тоа по­и­на­ку го изра­зу­ва. Ете, на при­мер, гру­па­та најг­лас­ни де­ка ра­бо­та­та не чи­ни и е на дно­то, ду­ри јав­но по­ну­ди фе­ла­цио во за­ме­на за за­кон­ско ре­ше­ние, кое „не е европ­ско, ама од­го­ва­ра на мен­та­ли­те­тот“. Од дру­га­та стра­на, сѐ по­го­лем дел од но­ви­на­ри­те се про­ти­ват на тоа ре­ше­ние, но се мно­гу по­ти­вки. Ток­му за­тоа и не бе­ше за из­не­на­ду­ва­ње по­ја­ва­та на но­ви фор­ми на здру­жу­ва­ња во кои кре­а­то­ри­те на за­кон не­ма­ат „отво­ре­но ме­ни“.

Да би­де при­каз­на­та уште по­ин­те­рес­на, но и по­јас­на, гру­па­ци­ја­та што со свир­чи­ња­та в уста го ба­ра „мен­та­ли­тет­ско­то“ за­кон­ско ре­ше­ние, не тол­ку одам­на во це­лост ја отфр­ла­ше иде­ја­та за за­кон! По­тоа, учес­тву­ва­ше во изра­бо­тка­та и во „шмирг­ла­ње­то“ на по­стој­но­то за­кон­ско ре­ше­ние! Па се изо­ста­ви ре­гу­ла­ци­ја­та на ин­тер­нет-но­ви­нарс­тво­то! Ду­ри и на тоа јас­но да се раз­гра­ни­чи „ес­на­фот“ од тие што се за­лу­та­ни во не­го.

 

akt181-2

Стандардите и независноста на терен

Во па­у­зи­те од над­ви­ку­ва­ње­то во бор­ба­та за „про­фе­си­о­нал­но но­ви­нарс­тво“ и за­лож­би­те за по­чи­ту­ва­ње на стан­дар­ди­те, ре­дак­ци­ски­те подм­ла­до­ци се упа­ту­ва­ат на обу­ки на кои се пот­тик­ну­ва­ат да се прет­ста­ву­ва­ат лаж­но, да фо­то­гра­фи­ра­ат та­му ка­де што не е доз­во­ле­но тоа, да об­ја­ву­ва­ат не­точ­ни или не­це­лос­ни ин­фор­ма­ции и, нај­важ­но­то – сле­по да им ве­ру­ва­ат на мај­сто­ри­те за из­вр­ту­ва­ње од пар­ти­ски­те куј­ни.

Ток­му тие мај­сто­ри за из­вр­ту­ва­ње во но­ви­нарс­тво­то го во­ве­доа син­дро­мот „ла­жи, ќе не­ги­ра­ме“, што се­га исп­ли­ва на по­вр­ши­на и од ка­де по­тек­ну­ва. Пос­лед­но­то пот­тик­ну­ва­ње на но­ви­на­ри без искус­тво лаж­но да се прет­ста­ву­ва­ат во странс­тво при ис­пол­ну­ва­ње на ре­дак­ци­ска­та за­да­ча е са­мо ре­зул­тат на изо­ста­ну­ва­ње­то на ре­ак­ции од „ес­на­фот“. И вед­наш по­тоа – не­ги­ра­ње и кон­тра­об­ви­ну­ва­ња. Поз­на­то ви е? Па ако мо­же во по­ли­ти­ка­та, зо­што не и во но­ви­нарс­тво­то, ако тоа мо­же да се на­ре­че но­ви­нарс­тво, а не одра­бо­ту­ва­ње. Зо­што не­кој би се гри­жел за стан­дар­ди­те ко­га не­ви­сти­ни­та­та ин­фор­ма­ци­ја по­до­бро се нап­ла­ту­ва, а и по­ми­ну­ва без осу­да од „ес­на­фот“? Што ако ши­ре­ње­то не­ви­сти­ни не са­мо што се не­ги­ра со си­те но­ви­нар­ски стан­дар­ди, ту­ку мо­же и да пре­диз­ви­ка не­сог­лед­ли­ви пос­ле­ди­ци? Тоа се­га, не­ли, не е важ­но.

Се по­ба­ра ли од­го­вор­ност ко­га исти­те тие куј­ни ги пле­теа, на при­мер, при­каз­ни­те за слу­чу­ва­ња­та во ку­ма­нов­ско Ди­во На­се­ље? Ста­ну­ва збор за не­ви­сти­ни­ти ве­сти за мно­гу­број­ни ци­вил­ни жр­тви, за „вме­ша­ност“ на ед­ни, дру­ги, тре­ти, за „фин­ге­рај­ки“, ин­тер­вен­ции на стран­ски ар­мии, за­тво­ра­ње гра­ни­ци… Ин­фор­ма­ции со кои до­пол­ни­тел­но се вне­су­ва­ше па­ни­ка во јав­но­ста, ко­ја во мо­мен­тот бе­ше отво­ре­на и без ни­ка­ков сом­неж. А, таа отво­ре­ност но­си по­ли­тич­ки по­е­ни, кои до­бро се нап­ла­ту­ва­ат.

Мо­же ли да се нај­де тро­шка сом­неж во дел од ме­ди­у­ми­те, за­стап­ни­ци на но­ви­от за­кон го­твен спо­ред „мен­та­ли­те­тот“, за раз­лич­ни­те ин­фор­ма­ции што ги об­ја­ву­ваа опо­зи­ци­ја­та и Зо­ран За­ев за број­ки­те за сни­ме­ни ма­те­ри­ја­ли и за прис­лу­шу­ва­ни­те ли­ца, па и по не­го­ви­те лич­ни де­ман­ти­ра­ња за „ча­до­ри“, „ча­у­ши“, „фа­бри­ки“, „свир­ка­чи“… Пре­поз­на ли „ес­на­фот“ кај нив стан­дар­ди ко­га се оцр­ну­ва ра­бо­та­та на дел од ме­ди­у­ми­те, ме­ѓу кои и на ре­дак­ци­ја­та „Ре­пуб­ли­ка“, од по­ли­тич­ки пар­тии од опо­зи­ци­ја­та? Да­ли не­кој од здру­же­ни­ја­та од ес­на­фот, кои се најг­лас­ни за стан­дар­ди­те и за пра­ва­та во но­ви­нарс­тво­то, по­ну­ди за­шти­та од ди­рект­ни­от по­ли­тич­ки при­ти­со­кот врз вра­бо­те­ни­те во „Ре­пуб­ли­ка“? Или во „Си­тел“? Или во „Ку­рир“, „Прес24“, „Нет­прес“, „Ка­нал5“, „Ал­фа“? Или на нај­го­ле­ма­та но­ви­нар­ска ку­ќа – јав­ни­от сер­вис МРТВ? Оста­на ли „ес­на­фот“ слеп пред об­ја­ву­ва­ње­то не­про­ве­ре­ни ин­фор­ма­ции? Ду­ри и на­па­ди­те врз но­ви­на­ри­те за вре­ме на из­вр­шу­ва­ње за­да­ча по­ми­наа со за­бо­шо­ту­ва­ње од ес­на­фот. Го по­кри ли „ча­до­рот“ и вид­но­то по­ле на „ес­на­фот“ и на син­ди­ка­тот обез­бе­ду­вај­ќи му, на­вод­но, пре­дус­ло­ви за но­ви­нар­ски сло­бо­ди и стан­дар­ди? Па­ри­те и по­ли­тич­ки­от ан­гаж­ман за­ста­наа пред ви­сти­на­та, стан­дар­ди­те, ко­ле­ги­јал­но­ста во но­ви­нарс­тво­то, но и пред кре­и­ра­ње­то сопс­тве­на од­го­вор­на уре­ду­вач­ка по­ли­ти­ка.

 

Колку чини професијата?

Та­ка, до­а­ѓа­ме до глав­ни­те пра­ша­ња за про­фе­си­ја­та. Кол­ку чи­ни таа? Кол­ку чи­ни ви­сти­на­та, а кол­ку чи­ни ла­га­та? Кол­ку чи­ни од­го­вор­но­ста на ме­ди­у­мот, на но­ви­нар­ски­от про­из­вод и, нај­важ­но, на но­ви­нар­ски­от образ? За да мо­же да се збо­ру­ва за стан­дар­ди, то­гаш тре­ба да се га­ран­ти­ра и ед­на­квост. А таа ед­на­квост е мож­на са­мо ако пра­ви­ла­та на игра се ед­на­кви за се­ко­го.

На пр­во ме­сто се фи­нан­си­и­те. Ако се ба­ра ре­гу­ла­ци­ја на па­ри­те во ме­ди­у­ми­те за­ра­ди, на­вод­но, вли­ја­ние во ин­фор­ма­ци­и­те, што ги двои то­гаш стран­ски­те фон­до­ви што ко­ти­ра­ат до­бро кај дел од ме­ди­у­ми­те? Со­ро­со­ви­от иде­ен та­тко во Ма­ке­до­ни­ја, Вла­ди­мир Мил­чин, по­со­чу­ва де­ка фон­да­ци­ја­та кон­тро­ли­ра нај­мал­ку се­дум ме­ди­у­ми, а со па­ри врз го­лем дел од ме­ди­у­ми­те има­ат кон­тро­ла и раз­ни стран­ски др­жа­ви и ор­га­ни­за­ции.

От­ту­ка се до­а­ѓа до вто­ра­та преч­ка. Не мо­же да се збо­ру­ва за но­ви­нар­ски стан­дар­ди и за изед­на­чу­ва­ње на про­из­во­дот ако ед­ни­те ра­бо­тат во ре­ги­стри­ра­ни ме­ди­у­ми, а дру­ги во „си­ва­та зо­на“ на здру­же­ни­ја­та. Ед­ни­те да се оп­то­ва­ре­ни со еко­ном­ски нор­ма­ти­ви и да­но­ци, а дру­ги – не. При­тоа ме­ди­ум мо­ра да ис­пол­ну­ва ус­ло­ви – про­фе­си­о­нал­на ре­дак­ци­ја, ле­кто­ри, ад­ми­ни­стра­ци­ја, кан­це­ла­рии, опре­ма. На­ве­ден им­пре­сум во кој точ­но ќе би­де по­со­че­но кој за што е вра­бо­тен и за што е од­го­во­рен. А, ако ин­тер­не­тот со бр­зи­на­та се на­мет­на ка­ко гла­вен из­вор на ин­фор­ми­ра­ње – то­гаш не мо­же пор­та­ли­те да би­дат на­стра­на од се­то тоа. Ама не­ма да мо­же да се про­да­ва­ат мон­ти­ра­ни сли­ки, на­вре­ди и кле­ве­ти по ме­ра „еден де­нар – еден сан­ти­ме­тар“.

За нај­го­ле­ми­от дел од но­ви­на­ри­те, тие ти­вки­те, но не и безг­лас­ни­те, е не­јас­но зо­што упор­но се бе­га од из­да­ва­ње­то ли­цен­ца за но­ви­на­ри­те, ако се знае де­ка по прин­ци­пот „стап – мор­ков“ мо­же да се на­пра­ви ред во но­ви­нарс­тво­то? Ако ли­цен­ца­та зна­чи доз­во­ла за ра­бо­та во ме­ди­ум, ко­ја мо­же да се за­гу­би ако не се по­чи­ту­ва­ат стан­дар­ди­те, а мор­ко­вот е си­сте­мот за на­пре­ду­ва­ње во ка­ри­е­ра­та, зо­што се не­ги­ра исто ка­ко што се не­ги­ра­ше и иде­ја­та за за­кон? Од­го­во­рот е ед­но­ста­вен. При ва­ков прост си­стем, го­лем дел од мај­сто­ри­те за из­вр­ту­ва­ње не­ма да мо­же да ги одра­бо­тат па­ри­те што се­га не­о­да­но­че­ни за­вр­шу­ва­ат во нив­ни­те џе­бо­ви, без при­тоа да се вни­ма­ва на каз­ну­ва­ње­то.

Акту­ел­ни­от ха­ос не ги од­во­ју­ва но­ви­на­ри­те од тие што не се тоа, кол­ку и да ну­дат фе­ла­цио. Обез­вред­не­та­та „ме­ша­на са­ла­та“ во ко­ја се­кој е ме­ди­ум и но­ви­нар пре­диз­ви­ку­ва „ес­на­фот“ и на­та­му да ди­ску­ти­ра за глу­по­сти, без­о­бра­зиe, но­тор­ни ла­ги и дис­ква­ли­фи­ка­ции, а во јав­но­ста но­ви­на­ри­те го за­зе­ма­ат про­сто­рот за ви­стин­ски ин­фор­ма­ции.

И да си фа­ќа се­ир че­кај­ќи но­ва јав­на по­ну­да за фе­ла­цио.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 181. број на неделникот „Република“, 19.02.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top