
ВМРО-ДПМНЕ го направи својот последен компромис околу изборите! Датумот е поместен на 5. јуни. The end! Ende! la fin, finito! Приказните и фетишизирањето на медиумите и избирачкиот список веќе никој не ги прифаќа, барем ДОМА, од мнозинството, а тоа се очекува и од ЕУ и САД. Да не дозволат СДСМ да си поигрува со сите нас во државата!
Mедиумите кај нас функционираат исто како и секаде во светот. Одговараат за својата етичност – основа на нивното функционирање. Вообичаено секаде е тие да имаат и свои фаворити (тоа го видовме скоро во предизборието на САД). Придавајќи им толку големо значење на медиумите, излегува дека тие се одлучувачки фактор на изборите – А, не е така. Партиско позитивно минато, сериозност, посветеност на државата, реализации зад себе, почитување на дадениот збор, одржани ветувања на граѓаните… се гаранција за ИЗБОРНА ПОБЕДА на какви било избори – па и ПАРЛАМЕНТАРНИ. А, Избирачкиот список? Па него го менаџира ДИК раководена од СДСМ – веќе 10 години. Тој ист список беше и при изборите во Струмица (локални), во О.Центар…Беше ли тогаш „чист” кога победија опозициски кандидати меѓу нив и Заев – а, сега не е? Дали ДИК си ја гледала работата коректно сите овие години? Дали функционирала според законот и на начин за кој е платена – запрашува професорката Бона Бајрактарова, која редовно ги анализира и коментира случувањата на политичката сцена во земјава. Претходно професорката се осврна на она што се случува во Македонија – како што вели, аос, креиран и одржуван во континуитет, од актуелното неспособно водство на СДСМ.

Д-р Бона Лазар Бајрактарова, универзитетски професор
-Чудна политичка ситуација во Македонија. Повеќе од една година хаос, креиран и одржуван во континуитет, од актуелното неспособно водство на СДСМ. Вербални притисоци, уцени, закани – од нив и нивни поддржувачи… Разорно политичко дејствување насочено кон суверенитетот на државата и на народот.
Во земјава, во моментов, едни градат, други (СДСМ) разградуваат! Го разградуваат државотворниот систем на државата, го газат правото на народот да одлучува сам – за себе и за својата иднина. Се случува насилство што ги урива демократските (основни) постулати макотрпно градени /и надградувани/ веќе подолг период.
Со изнудениот Договор од Пржино грубо е суспендирана волјата на македонскиот народ јасно изразена во повеќе пати досега, последно, пред неполни две години (2014!). Ни го згазија изборното право загарантирано од ООН како неприкосновено право на секој човек, респектирано секаде во демократскиот свет! И, во Европа и во САД! Ама, претставници на овие „странски фактори“ ни го стокмија Пржино, ни го смачкаа достоинството и како народ и како држава. Силно изразената волја на народот ја прогласија за некредибилна, сесрдно објаснувајќи ни што биле тоа кредибилни избори?! Свои „добронамерни совети“ на легитимната македонска власт ѝ „испорачаа“ директно од пред владиниот објект на Илинденска, а, Ховит и Фуере се јавија од опозициските трибини, говореа за „убавините на Македонија“… – напиша професорката Бајрактарова во колумна објавена на проталот „Република“.
Целата колумна прочитајте ја на следниот линк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата


