| четврток, 6 декември 2018 |

Парламентарни избори во Ирска

ирска

Во Ирска денеска се одржуваат парламентарни избори на кои жителите на оваа островска земја членка на ЕУ треба да одлучат кој ќе управува со државата во следните пет години.

Социолозите предвидуваат дека е можно да биде избран Парламент во кој ниту една партија или коалиција нема да има јасно изразено мнозинство.Ирскиот премиер Енда Кени ги повика гласачите да ја поддржат неговата коалициска Влада, со образложение дека таа заслужува уште еден мандат поради подобрувањето на положбата на пазарот на трудот и поради тоа што земјата има најголем економски раст во ЕУ.

Сите анкети покажуваат дека центристичката Ирска обединената партија (Фина Гејл) на Кени ќе освои најмногу пратеници, но нејзиниот коалициски партнер, Лабуристичката партија, би можела да дожевее тежок пораз. Според аналитичарите, исходот од денешните избори може да ја примора Фина Гејл на предизвикот да коалицира од нејзиниот традиционален ривали, конзервативната Републиканска партија (Фина Фајл), која се очекува да заврши на второ место. Пред изборите и двете партии ја исклучија можноста за коалиција. Главните критики на опозициските партии на сметка на Владата се однесуваа на болната, иако успешна, политика за штедење. Во новиот ирски Парламент ќе бидат избрани 158 пратеници. Резултатите од изборите се очекува да бидат објавени вечерва околу полноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top