Германските власти не знаат каде се околу 130 илјади бегалци, кои од минатата година се во државата. Тоа го објави весникот „Зидојче цајтунг“ повикувајќи се на текст од одговор на германското МВР на прашање на пратеник од Левите.
Од документот се гледа дека 13 отсто од странците што пристигнале во Германија во 2015 година, како кандидати за азил, не се појавиле на местото за новата регистрација.
Вкупно во минатата година во Германија пристигнале 1,1 милиони кандидати за азил.
Германското МВР претпоставува дека исчезнатите емигранти можно е да се упатиле кај свои роднини или пријатели во други држави од ЕУ или се приклучиле во криминални групи и останале во Германија нелегално.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.