
СДСМ повторно се обидува да ја изманипулира македонската јавност, а подметнувањата кои ги прави изминативе денови за Законот за помилување се очигледни. Луѓето од СОРОС и СДСМ порано тврдеа дека ограничувањето на правото за помилување е противуставно. Но, сега манипулираат и прават протести.
Се работи за класично подметнување каде иницијативата на еден адвокат се поистоветува со ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија, пак, беше иницијатор на измените на законот за да НЕ се помилува за изборни насилства, педофили и терористи. СДСМ со ваквото подметнување и неискрен однос има за цел да ја држи темата актуелна и да се претстави како душегрижник.
Синот на првоосомничениот во „Пуч“, Зоран Верушевски, треба да одговара за дела поврзани со детска порнографија. На овој начин СДСМ дефокусирајќи ја јавноста за изборните насилства и лепејќи се исклучиво на таа тема, сака да даде можност и отвора пат за амнестија на синот на Верушевски, соработникот на Зоран Заев, анализира Курир.

СДСМ и нејзините пратеници во Собранието на 9 јануари 2009 година гласале против предлозите на Министерството за правда за ограничување на правото на претседателот на државата да помилува лица осудени за педофилија, дрога, тероризам и изборни нерегуларности. Истите оние кои тогаш тврдеа дека измените на законот за помилување се противуставни, сега протестираат пред Уставниот Суд. Не само стенограмите, туку и видео снимките од оваа седница покажуваат дека пратениците согласно партискиот став биле против измените на Законот за помилување. На листата се наоѓаат имињата на пратеничката Цветанка Иванова, Јани Макрадули, Андреј Петров, Марјанчо Николов и други.

Луѓето од СОРОС и СДСМ порано тврдеа дека ограничувањето на правото за помилување е противуставно. Но, сега манипулираат и прават протести.Текстот каде жестоко се брани правото на помилување вклучително и дела кои опфажаат изборни инциденти, е напишан од Гордана Дувњак која е позната како член на структурите на СОРОС и поддржувач на политиките на СДСМ.
ТЕКСТОТ е објавен во Утрински весник и е насочен токму во насока на барање на она што се случува деновиве.
Токму Гордана Дувњак во текст во 2009-та година кој е реакција на иницијативата на измените предложени од ВМРО-ДПМНЕ со кој помилувањето за изборни инциденти ќе се оневозможи, жестоко го напаѓа како против уставно. Денес после 7 години истите манипулираат и се прават дужегрижници за истата работа која тогаш ја прикажувале за противуставна. Токму соросовата мрежа на невладини организации организираа протести против прифаќањето на иницијативата за испитување на уставноста на законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


