| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Не може да има помилување за дела поврзани со избори и педофилија – СДСМ продолжува да манипулира

ВМРО-ДПМНЕ и во 2009-тата и сега стои зад измените во Законот за помилување кои беа предложени до Уставниот суд. Со тие измени се предвиде да не може да има помилување за одредени категории осуденици како оние на кои им одредена казна за дела поврзани со избори, педофилија и слично, се вели во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.

Го пренесуваме интегралниот текст од соопштението:

СДСМ во 2009 година кога се гласаа измените во Законот за помилување беше строго против измените со образложение дека истите биле спротивни на Уставот.

СДСМ тогаш дури и ја напушти седницата во знак на револт и противење на измените на Законот кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и тогаш и сега стои зад измените во Законот за помилување кои беа предложени до Уставниот суд. Со тие измени се предвиде да не може да има помилување за одредени категории осуденици како оние на кои им одредена казна за дела поврзани со избори, педофилија и слично.

Тоа е лицемерието и тоа е деструктивната ниска политика заради која СДСМ никогаш нема да ја добие поддршката од граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека секој што сторил каков било криминал, треба да одговара. Таков беше ставот и кога обвинетиот криминалец Зоран Заев беше аболициран од страна на Бранко Црвенковски.

СДСМ продолжува во својот препознатлив стил и шема на манипулаирање да се обидува да ја манипулира јавноста и да лаже дека ВМРО ДПМНЕ стоело зад одлуките на Уставен суд.

Јавноста неодамна преку медиумите дозна дека СЈО без основа го побарало и предметот за педофилија кој се води против членови на семејството на Зоран Верушевски, осомничен во предметот „Пуч“ и близок соработник на Зоран Заев.

Затоа ВМРО ДПМНЕ отворено се сомнева дека токму СДСМ има најголем интерес за една ваква одлука. Соросовите невладини кои организираат протести пред Уставниот суд како и обично се таму за да го одбранат интересот на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top