По рекордниот пад на цента на златото, денеска цената повторно падна и е на најниско ниво во последниве две години. Од почетокот на годината цената на златото се намали за дури 20 %, што е најголема загуба во последните 30 години.
Инветсициските банки и фондови проценуваат дека таквиот потег на Кипар потенцијално може да влијае и на други европски централни банки. Во прилог на зголемување на понудата на пазарот, цената на златото паѓа бидејќи во најголемите економии во светот инфлацијата се движи на ниско ниво, а од друга страна Централните банки преземаат акции да ги поддржат сопствните домашни валути.Според проценките на Светскиот Совет за Злато глобалната рецесија избриша речиси 560 милијарди долари од вредноста на резервите на злато на Централните банки низ светот.
Најголемите резерви на злато во светот имаат САД и Германија кои држат околу 70 проценти од вкупните резерви на злато. Македонија поседува 6,8 тони резерви во злато, a според официјалната статистика на НБМ изминативе шест месеци Централната банка загубила околу 35 милиони евра од вредноста на резервите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.