| четврток, 6 декември 2018 |

Цената на бензините незапирливо расте: Од полноќ поскапи горива!

Регулаторната комисија за енергетика одлучи да се зголемат рафинериските и малопродажните цени на
нафтените деривати во просек за 3,03%, односно за 1,98% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 17.09.2018 година.

Согласно најновата одлука на РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 17.09.2018 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 55,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,399 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 17.09.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 35,750 ден/кг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top