Сензационалниот лидер на табелата во Премиер – лигата, тимот на Лестер, е блиску до настап во Лигата на шампионите следната сезона, па иако менаџерот Клаудио Раниери е фокусиран на претстојните мечеви, сепак, веќе размислува и за можните засилувања за следната сезона. Португалските медиуми откриваат дека грчкиот напаѓач Костас Митроглу, кој го носи дресот на Бенфика, е првата желба на Раниери во летниот преоден рок и дека ќе дојде да им помогне на Варди и на Махрез во редовите на овој премиерлигаш.
Митроглу има мало искуство од Премиер – лигата. Тој во 2014 година од Олимпијакос за 12 милиони фунти се пресели во Фулам, но одигра само три меча, пред клубот да испадне од елитното англиско друштво.
Во моментот Митроглу го носи дресот на Бенфика и има постигнато 13 голови на 22 првенствени натпревари во португалскиот шампионат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.