Во Друштвото на писателите на Македонија в петок (26 февруари) во 12 часот ќе биде промовиран документарен филм – портрет посветен на истакнатиот македонски поет, академик Радован Павловски.
Филмот со наслов „Од Река до вечноста“ е во продукција на Културно-уметничката програма на Македонската телевизија. Проектот е работен по сценарио на Лидија Мешкова, а во режија на Љупчо Стојановски.
На промоцијата на филмот во ДПМ ќе зборува д-р Иван Џепароски, а на присутните ќе им се обрати и поетот Радован Павловски. Програмата ќе ја води Александра Велинова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија