| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на познатиот холивудски режисер на листата на бомбаш-самоубијци

Дваесет и шестгодишниот Лукас Кини, син на холивускиот ветеран Патрик Кини, во Сирија војува во редовите на Ал-Нусра разгранок на Ал-Каеда и се наоѓа на „листата на чекање“ на бомбаш-самоубијците, пишува британскиот таблои „Сан“.

Неговиот татко Патрик работеше како асистент на режија на голем број на филмски хитови како „Храбро срце“ и „Рамбо“, но и на „Индијана Џонс“ покрај Стивен Спилберг, а Лукас одбра поинаков пат.

Во документарниот филм „Дугма, д ботон“ (Dugma, the Button) на Норвежанецот Пал Рефсдал, во кој се снимани потенцијални бомбаш-самоубијци на Ал-Нусра, Кини се пофалил дека и тој ја има привилегијата да биде на листата за пат кон рајот и 72 девици пто ќе го чекаат таму.

Лукас бил крстен како католик, а во ислам преминал во 2013 година, откако се откажал од студиите на Универзитетот во Лидз. Тогаш заминал да живее со неговиот татко во Виена, а претходно свирел и во многу рок-групи.

Во Виена врз него влијаеле радикалните џихадисти кои го натерле да ја промени религијата и името. Така Лукас Кини стана Абу Басир ал-Британи и уште истата година заминал во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top