| четврток, 6 декември 2018 |

„Танц со ѕвездите“ е како Лигата на шампионите за натпреварувачите

Учесниците во шоуто „Танц со ѕвездите“ си ја сфатија работата навистина сериозно, што најдобро се гледа и во нивниот напредок со секоја следна емисија, но и по повредите. Онаа последната на коленото на Васил Зафирчев не само што го донесе до операциона маса, туку и го врза за болничкиот кревет на минимум осум недели.

529346_162491090580148_527805222_n

Васил Зафирчев и Наде Миленкова

Емисијата со последениот танц на Васил и Наде беше веќе снимена пред неговата повреда и ќе се емитува вечерва. За жал, потоа тие ќе го напуштат шоуто поради неговата повреда, но, сепак, ќе има гласање и јавно ќе се каже кој има најмалку гласови и кој би заминал во случај да не се случеше незгодата.

На неформалната средба со новинарите, продуцентот Огнен Антов и режисерот Стојан Вујичиќ објаснија дека и за танчарите, но многу повеќе за познатите фаци што учествуваат, ова е пандан на Лигата на шампионите. Иако не се борат за некоја голема или значајна награда (сѐ уште не се открива што, всушност, ќе добие победникот), тие сметаат дека најмногу ги мотивира самата победа и шансата што подолго да бидат дел од емисијата.

На обвинувањата кои, пак, Аделина Тахири ги упати кон организаторите на шоуто откога испадна, дека сѐ е наместено, а победникот е веќе познат, режисерот Вујичиќ возврати дека таа веројатно ќе се соочи со законот.

63002_157407471088510_1411213179_n

Аделина Тахири и Ванчо Ангелевски

– Аделина Тахири за коментарите и за шпекулациите што ги изнесе во јавноста, а се поврзани со наводното местење на шоуто „Танц со ѕвездите“, ќе треба да се изјасни пред надлежните органи – изјави тој.

544403_161919653970625_1830385158_n

Атанас Николовски и Јована Василева

Според нив, миленици на публиката засега се кајакарот Атанас Василевски и неговата партнерка Јована Василева, како и лото-девојката Маријана Станојковска и нејзиниот  инструктор по танц Илија Карадаковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top