| четврток, 6 декември 2018 |

„Дамбо“ добива игран римејк по режија на Тим Бартон

Тим Бартон ќе го режира играниот римејк на класикот на „Дизни“, „Дамбо“. Бартон, кој фасцинацијата оживувањето на анимираните филмови на „Дизни“ ја почна во 2010 година со „Алиса во земјата на чудата“, ќе соработува со сценаристот на „Трансформерс“, Ирена Кругер.

Филмот е во почетна на фаза на продукција, но се очекува комбинирање на ЦГИ ефекти и акција во живо. Сценариото на Кругер ќе додаде единствена семејна приказна што ќе го продолжи филмот, кој во оригинал трае еден час.

„Дамбо“ е приказна за млад циркуски слон Џамбо Помладиот, кој го задеваат поради големите уши, сè додека на научи да лета со нивна помош. Филмот доби „Оскар“ за музика, но од модерните критичари е нападнат поради расните стереотипи во претсавувањето бандата гаврани. По „Алиса“, „Дизни“ на киноблагајните уживаше во успесите на „Оз голем и моќен“, „Грдана“ и сега „Пепелашка“, на Канет Брана. Студиото веќе за в година најави играни римејкови на „Книга за џунглата“ и продолжение на „Алиса“, а во 2017 година во кината стигнува „Убавицата и ѕверот“ со Ема Вотстон и Ден Стивенсон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top