| четврток, 6 декември 2018 |

На Хакан Шукур му се заканува четири години затвор поради навреди кон Ердоган?!

hakan sukur

На легендарниот турски фудбалер Хакан Шукур му се заканува затворска казна во времетраење од четири години откако против него беше покренато обвинени поради навреди на адреса на претседателот Реџеп Ердоган. Шукур преку својот твитер-профил имал неколку пораки кои биле навредливи за првиот човек на турската држава. Иако тој се бранеше дека во твитовите никаде не се споменува Ердоган, судот сепак ги прифатил аргументите дека од нивната содржина се подразбира дека тие се насочени кон претседателот на Турција, по што е покренато обвинението.

Покрај Ердроган, навредите се насочени и кон синот на турскиот претседател, а според законите во оваа земја, за ваков вид на престап се предвидува затворска казна од четири години.

Интересно е што Хакан Шукур веднаш по завршувањето на фудбалската кариера вплови во политички води, и тоа како член на партијата на Ердоган, но по неколку конфликтни ситуации ја напутши оваа партија и оттогаш е жесток критичар на политиките на актуелниот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top