Македонската модна дизајнерка Александра Митковска стана мајка на малечката Џиа. Дизајнерката се породи во Белград, а и таа и девојчето се добро.
Убавата вест на социјалните мрежи ја сподели нејзиниот сопруг Милан Златановиќ, инаку басист во српската група „Негатив“, со кого Митковска се заколна на вечна љубов пред неколку месеци.
Свадбената веселба ја направија во еден познат српски ресторан, а после тоа заминаа на меден месец во Мајами.
Парот пред да се венча беше долги години во врска.
Фото: Фејсбук
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.