| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за Богоевски и за адвокатите

Истражниот судија им одреди по 30 дена притвор на порашениот директор н УБК, Слободан Богоевски, и на адвокатите Владо Пешликовски и Васко Томановиќ, кои се осомничени дека со криминалните дејствија испрале околу еден милион евра. Притвор ѝ е одреден и на Даниела Трајковска, една од управничките на вмешаните фирми.

Осомничените ги извлекле парите од  фирма од Словенија со измама дека ќе издејствуваат да се раскине договорот на државата со кипарската фирма „Централ Балкан“ за градежно земјиште во околината на спортскиот центар „Борис Трајковски“. Потоа им ветиле на Словенците дека ќе го купат земјиштето иако договорот претходно веќе бил раскинат.

Истражниот судија и адвокатите на приведените сѐ уште не откриваат дали осомничените дале исказ или се бранеле со молчење. МВР трага по уште двајца осомничени, управители на фирми, за кои полицијата има сомневања дека се вмешани во криминалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top