Истражување спроведено во Австралија сугерира дека честото конзумирање на чоколадото е поврзно со подобрување на функцијата на мозокот, пренесуваат медиумите.
Лицата кои често конзумираат чоколадо постигнуваат подобри резултати на тестовите поврзани со визуелно и просторно паметење, имаат способност за организација и апстрактно размислување, покажало истражувањето на научниците од Универзитетот во Јужна Австралија.
Според зборовите на истражувачите, чоколадото содржи антиоксиданси кои позитивно влијаат на функцијата на мозокот и на здравјето на срцето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


