| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците возат со најевтин дизел и за исти пари поминуваат 354 км повеќе од Србите

На тема цени на дизелот деновиве пишува српски „Курир“ каде што се вели дека Србите за да можат да поминат исто километри колку Македонците, ќе треба да издвојат дополнителни 2.655 динари.

Со 5.000 динари или околу 2.500 македонски денари возачите на автомобилите на дизел во Македонија можат да поминат 354 километри повеќе отколку возачите во Србија. Според нив, причината за ваквата состојба е што евродизелот во Србија, според податоците на Здружението на нафтени компании на Србија, е за 44  динари поскап од оној во Македонија. Тие појаснуваат дека акцизите, даночните обврзувања и ДДВ се повисоки во Србија од давачките во нашата земја.

-Македонската држава зема 46 отсто од малопродажната цена на евродизелот, а српската 60 отсто.  Тоа значи дека во Србија на бензиска пумпа за 125 динари купувате литар евродизел, а државата од нив добива 77,5 динари – пишува српски „Курир“.

Поради големите давачки Србија е втора во регионот, по цената на овој нафтен дериват, а не е чудно што жителите на јужните делови на државата ја преминуваат границата и ги полнат своите резервоари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top