Италијанскиот шампион Јувентус во првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите одигран во Торино извлече реми (2-2) против баварскиот гигант Баерн Минхен.
Иако имаше негатива од 0-2, „старата дама“ успеа да се извлече од бездната и со два гола во финишот да дојде до резултат со кој може да се надева на пласман во четвртфиналето по реваншот на „Алијанц арена“.
Сепак, по проверка и прегледување на снимките, Италијанците со право се жалат на судиската тројка предводена од Англичанецот Мартин Еткинсон.
Тој и неговите помошници, навистина, имаат неколку големи грешки. Првата од нив е во 22. минута кога Видал играше со рака пред својот гол, а Еткинсон не покажа на белата точка.
Втората грешка оди на душа на неговиот втор помошник, кој без грижа на совест можеше да го крене знаменцето и да го поништи првиот гол на Баерн.
Стрелецот Милер тука не е во недозволена позиција, но тоа не може да се каже за Левандовски, кој е најблиску до голманот Џанлуиџи Буфон. Според судиските аналитичари, тој гол требало да биде поништен.
Спорен е и вториот гол на Јувентус при кој Левандовски на средината од теренот го фаулира Бонучи.
Италијанците веднаш најдоа причина за ваквото судење. Клубовите од Серија А се борат со оние од Премиер-лигата за третото место на европската ранг-листа, кое обезбедува четири места во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)