Тренерот на Јувентус Масимилиано Алегри може да биде задоволен од нерешениот исход по првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен.
Мечот што се одигра синоќа во Торино заврши 2-2, откако играчите на „старата дама“ имаа негатива од два гола по две третини од мечот.
Алегри смета на неговите фудбалери им недостигала самодоверба во првиот дел од мечот.
– За да продолжиме во следната рунда треба да победиме во Минхен. Кога не го сторивме тоа во Торино, ќе мора да се обидеме во Германија. Играта во второто полувреме беше на задоволително ниво, и тоа е добра основа како треба да играме на „Алијанц арена“. Веруваме во нашите шанси за пласман понатаму, но сега на ред е Серија А и ќе се фокусираме на првиот нареден меч. Мислам дека на почетокот ни недостигаше самодоверба и тоа Баерн Минхен успеа многу умешно да го искористи – изјави Алегри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.