| четврток, 6 декември 2018 |

Србите на Косово ќе добијат сѐ што побараа?

Премиерите на Косово и на Србија денеска во Брисел повторно ќе седнат на заедничка маса на нова рунда преговори со посредство на ЕУ.

Високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон, на двете страни им даде рок до денеска да се произнесат за предложеното решение што им го претстави завчера, кога косовскиот премиер Хашим Тачи обвини дека договорот ги исполнува сите барања на Србија и барал гаранција дека Белград ќе поддржи членство на Косово во ОН.

Српската делегација синоќа отпатувала во Брисел откако добиле потврда дека спорното барање на Тачи ќе биде изменето.

Средбата е закажана за попладне, а претпладне делегациите ќе имаат средба и со генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен. Тој треба да ги презентира гаранциите за безбедност на Србите на Косово, односно дека идната косовска војска нема да биде на административната линија со Србија. Кадровскиот состав на косовската полиција во иднина ќе биде пропорционален на националниот состав на одредените општини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top