| четврток, 6 декември 2018 |

Ја шминка и облекува својата осумгодишна ќерка како старлета (фото)

Целиот свет ја  пререкува оваа мајка поради тоа што го форсира шминкањето на својата малолетна ќерка, но неа воопшто не ја засега што зборуваат другите.

keti-prajs-1456299974-80976

Постојат различни видови на мајчинство. За разлика од  некои мајки кои дури им е чудно и  да помислат дека нивните ќерки ќе почнат да користат шминка на  16 години, оваа старлета својата осумгодишна ќерка ја облекува како да е возрасна.

Минатата година британската старлета Кети Прајс споделила фотографија од  нејзината нашминката ќерка Принцес, а поради тоа доживеал осуди и напади на социјалните мрежи. Но по се изгледа дека од таа случка Кети не извлекла поука.

Нејзиниот налог на Инстаграм е преполн со фотографии на кои осумгодишната Принцес се повеќе личи на кукла. Според зборовите на Кети, девојчето е природно убава, а развила и голем интерес за мода и козметика и таа не сака да и го ограничува тоа.

Малечката Принцес редовно учествува во разни избори за убавина, а нејзината мајка и е најголемата поддршка на  тие избори.

Преку инстаграм  налогот на нејзината мајка наводно се огласила и малечката Принцес:„Инаку, јас сакам самата себе си да се шминкам, а не тоа да го прави мојата мајка. Сакам да ви порачам на сите дека тоа не е ваша  грижа и би требало да си ги гледате вашите животи, а мене и мојата мајка да не оставите на мира“.

1450609119_princess-hat

Katie-Price-And-Princess-Main

Screenshot_1

Screenshot_2

Screenshot_3

Screenshot_4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top