Швајцарецот Роже Федерер од понеделник ќе се врати на втората позиција на светската ранг-листа, а воопшто не го допре рекетот и си одмора далеку од тениските терени. Работата му ја заврши сонародникот Станислас Вавринка, со победа против Енди Мареј, на турнирот од мастерс-серијата во Монте Карло.
Вавринка за само 58 минути го декласира моментно вториот тенисер на светот Мареј, со 6-1, 6-2 и го елиминира во осминафиналната рунда од турнирот. Шкотот ќе загуби поени поради ланскиот настап во четврт-финалето, а Федерер ниту добива ниту губи. Тоа е доволно поради малата разлика меѓу нив, Роже да се врати на втората позиција на најновата листа на АТП, што ќе важи од понеделник. На врвот неприкосновен е Новак Ѓоковиќ. Тој игра во Монте Карло и се пласира во четврт-финалето каде што противник ќе му биде Јарко Ниеминен.
Вавринка ќе игра со Цонга, Надал против себе ќе го има Димитров, а за уште едно место во полуфиналето ќе играат Гаске и Фоњини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.