| четврток, 6 декември 2018 |

Меси конечно го совлада Чех и и донесе победа на Барса од 2-0 во Лондон (видео)

Најдобриот фудбалер во светот Лионел Меси повторно се покажа како клучен фудбалер за Барселона во првиот натпревар од осминафиналето во двомечот со Арсенал. На натпреварот во Лонон тој успеа да му даде два гола на Арсенал и голманот Петр Чех кој досега го немаше совладано во кариерата и со огрмна предност да го дочека реваншот во Барселона.
Барселона сега е безмалку со една нога во четвртфиналето од Лигата на шампионите, надигрувајќи ги „топчиите“ на нивни терен на „Емирати“.

Каталонците до водство дојдоа во 71. минута, кога Меси убаво ја круниса акцијата на Нејмар. Најдобриот фудбалер на Барса, во 83. минута погоди и од белата точка за конечни 0-2.


Arsenal vs Barcelona 0-2 All Goals & Highlights… by footy-goals

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top