Вечерва во Торино и Лондон продолжија натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Минатогодишниот финалист екипата на Јувентус го пречека Баерн Минхен можеби во еден од најитересните дуели од оваа фаза во најелитното натпреварување.
Двата тима имаат заедно имаат освоено седум европски титули и со право може да се каже дека ова е дерби во осминафиналните пресметки.
Мечот изобилуваше со одлични акции на двата тима и затоа гледачите можеа да уживаат во четири погодици кои беа постигнати.
Избраниците на Пеп Гвардиола пропуштија извонредна можност да слават на првата осминафинална пресметка со Јувентус во Торино и уште на првиот натпревар да го визириаат пасошот за четвртфиналето.
Баварците до 63. минута имаа предност од 0-2 на гостувањето против „Старата дама“, но сепак на крајот Јуве успеа да стигне до конечни 2-2.
Баерн дојде до водство со голот на Милер во 43. минута. На 0-2 зголеми Робен во 55. минута.
И, кога се чинеше дека Германците ќе однесат победа од Италија, најпрво Дибала во 63. минута намали на 1-2, а потоа во 76. минута Стефано Стураро ги постави конечните 2-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)