Вечерва во стандардниот термин од 20.45 часот продолжува најквалитетното фудбалско клупско натпреварување, Лигата на шампиони.
По првите четири натпревари вечерва на програмата се два меча. Во Лондон на „Емирати“ доаѓа европскиот шампион Барелона против домашната екипа на Арсенал.
Двата тима се во одлична форма и се во самиот врв не само во домашните шампионати на Англија и Шпанија туку се едни од тимовите за највисок пласман оваа сезона во ЛШ.
Ривалитетот меѓу овие два тима е уште пред 10 години кога во финалето на ЛШ на „Стад д’Франс“ кога Барселона беше поуспешна и победи со 2-1.
Oд тогаш, па наваму овие две екипи одиграа уште четири натпревари, по два во нокаут фазата во 2010 и 2011 година. Арсенал победи еднаш, Барселона два пати, а еден дуел заврши без победник, но и во двата наврати Каталонците беа тие кои се радуваа на пласман во следната фаза.
Желбата за одмазда кај „топчиите“ е огромен, и Арсен Венгер новата генерација на фудбалери ќе се обиде да ја мине Барселона и да се пласира во четвртфиналето.
Вториот меч е вистинска борба на титаните бидејќи се среќаваат поранешните европски шампиони Јувентус и Баерн Минхен.
„Старата дама“ е актуелен вицешампион и во Торино ќе го пречека петкратниот европски шампион. Двата тима вкупно седум пати биле европски шампиони, а екипата на Јувентус дури шестпати има загубено во финалната пресметка.
Јувентус и Баерн се во извноредна форма и се лидери во своите првенства и сигурно „газат“ кон нови титули.
Екипата на Масимилијано Алегри по слабиот почеток во Серија А се врати на победничките патеки и не знае за пораз веќе 15 натпревари што се докажува дека токму во овој период од сезоната можеби е најсилен.
Пеп Гвардиола кој на крајот од сезоната ќе си замине од Баерн Минхен посакува да се прости од баварските навивачи со титула во едно големо натпреварување и се ќе стори да го пласира тимот во четвртфиналето.
Штета е што две екипи од наведените четири кои заедно тежат 240 титули, ќе мора да ги завршат настапите и да се помират со прерана елиминација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.