
Најдобриот снукер играч на денешницата и еден од најдобрите во светот на сите времиња, Рони О’Саливен на сензационален начин ја освои титулата на отвореното првенство во Велс, бидејќи во финалето кое се играше до девет освоени фрејма го победи Нил Робертсон со 9-5. Популарната „ракета“ губеше со 2-5 и со неверојатна игра во продолжение од мечот стигна до победа против поранешниот светски шампион.
Тој заслужено ја освои 28. титула во кариерата и се изедначи на вечната листа со Стив Дејвис и Џон Хигинс, кои исто така имаат по 28 титули. Негова наредна цел е Стивен Хендри, кој има 36 освоени титули.
О’Саливен исто така го има и најдобриот потег на турнирот. Тој го полуфиналето го порази Пери, а на мечот изведе потег со кој ги воодушеви сите љубители на снукерот. Поради одличниот потег, „Еуроспорт“ го нарече „снукерскиот Меси и Роналдо“.
Ronnie O’Sullivan pulls off sensational plantRonnie O’Sullivan with another outrageous shotAnd all the action was live on Eurosport and eurosportplayer.com
Posted by Eurosport on Sunday, February 21, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


