Професорот и директор на Центарот за истражување и креирање политики, Жидас Даскаловски, за „Дневник“ вели дека техничката влада не смее долго да остане на власт, кризата мора да заврши, но истовремено вели, тешко е да се предвидат сценаријата.
Ние не сме Белгија, па да можеме да функционираме со техничка влада на подолг период, тврди Даскаловски.
-Тоа е јасно и меѓу другото ако се земат предвид минатогодишните состојби кога политичките процеси ја блокираа земјата, а имавме и безбедносен предизвик во Kуманово од сериозен калибар со жртви и со опасност од ескалација на етнички и верски конфликт. Денес дополнително имаме и многу реален предизвик од бегалско-мигрантската навалица на балканската маршрута, која е можно да биде затворена од страна на соседите. Таа бегалска криза е и ќе биде страшен предизвик доколку се случат лошите сценарија на север, анализира Даскаловски.
Затоа ни е потребна сериозна влада со легитимитет.
– Технички премиер за подготвување на избори со неутврден мандат и со влада каде што министерствата се поделени на партии кои, благо речено, не соработуваат, во моментов се несериозни за Македонија. Ова не е влада како, на пример, на големата коалиција на Германија – заклучува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.