| четврток, 6 декември 2018 |

По три години Ѓоковиќ се враќа во Мадрид

Serbian player Novak Djokovic reacts during the Monte-Carlo ATP Masters Series Tournament final tennis match against Czech Tomas Berdych, on April 19, 2015 in Monaco. AFP PHOTO / JEAN-CHRISTOPHE MAGNENET (Photo credit should read JEAN-CHRISTOPHE MAGNENET/AFP/Getty Images)

Најдобриот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе го прекине бојкотот на мастерс турнирот во Мадрид и по пауза од три години ќе се појави на неофицијалниот петти грен-слем во светот.
Последен пат, тој таму учествуваше во 2013 година кога беше елиминиран од Григор Димитров во второто коло. Ѓоковиќ тогаш влезе во конфликт со публиката која сметаше дека тој симулира повреда затоа што не му одеше најдобро со Бугаринот. Во целата нервоза, камерите го фатија Ѓоковиќ и како ги пцуе присутните во “Каха Махика” и тоа во моментите кога го прославуваше освојувањето на вториот сет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top