Еден од најдобрите голгетери во светот, напаѓачот на Барселона Луис Суарез вчера на аеродромот во Барселона имаше интересна случка на пасошката контрола.
Тој со својот тим денеска го игра првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони против Арсенал на „Емирати“, но можеше многу лесно да не отпатува со екипата.
Тој се појавил заедно со екипата пред полетувањето за Лондон, но забележал дека го заборавил пасошот дома. Додека неговите соиграчи се сметустуваа во авионот тој чекаше на влезот на аеродромот да му го донесат пасошот. По неговиот телефонски повик клупски претставник „долета“ со патната исправа на Уругваецот, по што тој без проблем влезе во авион со неговите колеги.
Фановите на Арсенал се надеваат дека тој ќе биде расеан на терен во првиот меѓусебен меч во ЛШ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)