| четврток, 6 декември 2018 |

„Зулендер 2“ пристигнува во Скопје, ФХ3Х дел од визуелните ефекти

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХЗХ учествуваше во визуелните ефекти на најпознатиот машки модел Дерек Зулендер, во филмот „Зулендер 2“ (Zoolander 2), кој ќе се прикажува на 25 февруари во киното „Синеплекс“

– „Зулендер 2“ е една од култните пародија комедии, кои на интересен начин ни свртуваат внимание врз некои општествени појави. Кога се работи за таков филм, секако дека ни е огромно задоволство да сме дел од него, и овојпат во соработка со нашите долгогодишни клиенти МПС Техниколор (MPC Technicolor) од Лондон. На проектот работеа 50 артисти во септември 2015 година. Хуморот во филмот ги следи најактуелните теми во шоу-бизнисот, оттаму убиството на Џастин Бибер, и андрогениот Бенедикт Камбербеч се некои од атрактивните моменти, сепак, оставам да го проследиме филмот и да уживаме заедно – изјави Миливоје Ѓорѓевиќ, косопственик и извршен продуцент во ФХЗХ.

Обожавателите на Дерек Зулендер, по 14 години од првиот дел дочекале уште побогата плејада на актери: покрај Бен Стилер и Овен Вилсон, се појавуваат Пенелопе Круз, Ашер, Џастин Бибер, Мајли Сајрус и Деми Ловато. Вил Ферел се враќа во улогата на негативецот Мугату.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top