| четврток, 6 декември 2018 |

Обама и Путин разговараа телефонски: Мировниот договор во Укриана мора да се почитува

Американскиот претседател Барак Обама инсистираше денеска во телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин оти е неопходно да се почитува мировниот договор од Минск, соопшти Белата куќа.

Обама особено ја нагласи потребата руските и проруските сили да го почитуваат примирјето во источна Украина и да им овозможат на специјалните набљудувачки мисии на ОБСЕ целосен пристап во зоната на судири, вклучувајќи ја границата со Русија, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top