| четврток, 6 декември 2018 |

Борко заслужено се најде во изборот на најдобри пет одбрани на колото (видео)

borko ristovski 1

 

Македонскиот репрезентативен голман и член на буденслигашот Рајн-Некар Борко Ристовски е единствениот преставник во изборите кои ги прави ЕХФ-ТВ по комплетирање на колото во Лигата на шампионите.
Иако Рајн-Некар загуби од Кјеце на гостински терен, Борко повторно одигра солиден натпревар и успеа да фати 11 удари кон неговиот гол.
Една таква интервенција го стави во изборот за најдобри пет одбрани и се наоѓа на четвртото место.
На врвот на листата е голманот на Целје Урбан Лесјак.

Најдобрите пет одбрани од 12.коло во Лигата на шампионите може да ги видите ОВДЕ.

 

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 12. КОЛО

Лево крило – Гудјон Валур Сигурдсон (Барселона)

Лев бек – Никола Карабатиќ (ПСЖ)

Среден бек – Домагој Дувњак (Кил)

Десен бек – Блаж Јанц (Целје)

Десно крило – Дарко Ѓукиќ (Бешикташ)

Пивот – Торстен Лаен (Колдинг)

Голман – Никлас Ландин (Целје)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top