-Се гради паралелен систем во државата. Сорсоидите се замена за невладин сектор, кадровска база за контрола врз медиуми, универзитети, средни училишта, судства и обвинителства. Брз квалификации, од никого избрани, без одговорност. Затоа е измислена Катица Јанева и СЈО, и самата надвор од Устав – треба да апси, понижува, разбива државен систем, урива фирми и медиуми… да создаде хаос по кој обичен човек ќе заклучи: нека биде било што, само ова да престане. А за да престане, ако и се дозволи секако, тоа било што – е траен хаос и исчезнување на се што денес претставува стабилност, национален идентитет и прогрес – пишува уредникот на Сител, Драган Павловиќ Латас во својата редовна колумна Понеделнички.
Во најновата колумна под името „Карлеуша“ тој запрашува дека ако Катица специјалната успее, кој политичар во иднина ќе биде заинтересиран да се посвети себе на нови работни места, поголеми плати и пензии, градење школи и патишта, нови болници, чување на етнички односи и баланс… никој.
-Доволно ќе биде да одработи за „чадорот” и рекетарите од Косово, и власта му е загарантирана. А на нас гарантирани ни се деновите од темната транзиција. Затоа, вреди да се бориме против оваа закана. И да победиме. Гледам, деновиве некои колеги кои веруваат дека се новинари иако немаат читатели и гледачи, ја поттикнуваат Катица специјалната да апси се што им стои на патот, и секого што е доказ за нивната инфериорност. Професионална и интелектуална. Тоа е онаа збирштина што со децении е плаќана од странски пари да одработува за потреби на “чадорот”. По пола милион долари за сајт, или по 60.000 евра за емисија која никогаш никаде не е емитувана. Платени се да завршат други работи, вели Латас во колумната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)