| четврток, 6 декември 2018 |

Тоти не успеа да ги задржи солзите кога цел „Олимпико“ скандираше, „Само еден е капитен“ (видео)

Рома во синоќешниот натпревар со Палермо на „Олимпико“ победи со 5-0, но мечот беше во сенка на капитенот Франческо Тоти. „Принцот на Рим“ кој сосема неочекувано беше избркан од тренерот Лучано Спалети во пресрет на мечот. Тој одлучи натпреварот да го проследи од трибините, а навивачите апсолутно застанаа на негова страна. Тукушто седна на своето место, Тоти доби громогласни овации.

“Само еден е капитен!”, грмеше јужната трибина на „Олимпико“, а 39-годишниот ветеран со солзи во очите им отпоздравуваше на навивачите.

LEGENDA U SUZAMA Veliki Totti, kojeg je trener Rome potjerao na tribine, zaplakao je u trenutku kada je cijeli Olimpico zapjevao: "Postoji samo jedan kapetan…"

Posted by Index Sport on Sunday, February 21, 2016

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top