| четврток, 6 декември 2018 |

МОБ ќе ја изведе „Риголето“ во среда на барање на публиката

Во среда, (24 февруари) со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет, на барање на публиката, повторно ќе биде изведена оперската претстава „Риголето“, на прославениот Џузепе Верди. „Риголето“ се смета за една од најубавите музички драми во оперската литература и нејзиното либрето базира на расказот „Кралот се забавува“ на Виктор Иго.
Во претставата настапува следната солистичка екипа:
Риголето: Борис Трајанов
Џилда: Нада Талевска-Спасовска
Војводата од Мантова: Зоран Сотиров
Спарафучил: Владимир Саздовски
Мадалена: Вишња Радосав (Србија)

Во останатите улоги ќе настапат: Ернес Ибраимовски, Диме Петров, Билјана Јосифов, Васко Здравков,  Дарко Нешовски, Ана Ројдева-Талевска, Марија Наумовска и Славчо Димовски. Диригент е Бисера Чадловска.

Цената на билетите изнесува 300, 400, 500 денари и можат да се купат на билетарницата на МОБ, тел. 02/3 118 451, online на www.mob.com.mk и низ продажната мрежа на www.mktickets.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top