Во рамките на Фестивалот на чајот и читањето во Културниот центар Феникс во Скопје на 3 март во 11 часот ќе се одржи трибина за литературата за деца и млади.
Насловот на трибината е: Каде е, кај ли се крие македонската литература за деца и млади?, а водители-модератори ќе бидат Христо Петрески и Трајче Кацаров.
Ќе бидат поканети и се очекува да учествуваат писатели, професори и критичари, а ќе бидат опфатени и покренати големброј горливи и актуелни проблеми и прашања.
Непосредно пред трибината ќе бидат промовирани и двете нови книги за деца и млади: Што сонува левата, а што деснатаперница од Христо Петрески и Скаските на Мето од петто од Трајче Кацаров.
From: fen
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.