| четврток, 6 декември 2018 |

Кога пријателите ќе ти ги исполнат желбите пред да го напуштиш светот

Да направам свадба за паметење – ова е една од желбите на 23 годишната британка Кејли Гаф. Откако и бил дијагностициран рак на црниот дроб, таа  составила листа на последни желби. Докторите и кажале дека болеста е неизлечлива, поради што таа одлучила да не оди на хемотерапија. Се сконцентрирала на исполнување на последните желби од списокот што го направила. Девојката е самохрана мајка на две годишниот Каиј, на кого и му го посветила последниот период од животот.

svadba4

Нејзините пријателки се погрижиле да и ја исполнат желбата за спектакуларна свадба, иако таа немала партнер. Нејзината најдобра пријателка, Кети Бирч, организирала лажна свадба.Ангажирала згоден манекен кој ја играл улогата на младоженец.

svadba2

-Беше малку необично, поради бизарната ситуација, не можев да престанам да се смеам. Не очекував ништо од ова. Не можев да верувам дека сонот ми се оствари. Беше прекрасно-рекла невестата  воодушевена од својот „сопруг”.

svadba3

Гордата мајка, Беверли, изјавила дека свадбата на сите им ги оттргнала мислите од се што се случува. Кејли по направената фризура и шминкањето, а веднаш по средувањето во олтајмер на Јагуар, заедно со младоженецот заминале до замокот каде венчавката била закажана. Гостите, меѓу кои биле нејзините најблиски, со нетрпение чекале да се појави манекенот кој ја исполнил последната желба на нивната Кејли.

Покрај венчавката, на листата на последни желби е и патување со синот и посета на Леголенд, музејот на Мадам Тисо и лондонскиот Аквариум.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top