Добитник на „Златна мечка“ на 66. издание на Берлинскиот филмски фестивал кој заврши во неделата навечер е документарниот филм „Оган на морето“ на италијанскиот режисер Џанфранко Роси.
– Во овој момент моите мисли одат кон луѓето кои на овие патувања на надежта не стигнуваат на Лампедуза. Оваа награда им ја посветувам на жителите на Лампедуза – изјави режисерот Роси на чинот на доделување на наградата за филмот во кој се раскажува за бегалците на островот Лампедуза кој се наоѓа на најблиската точка на Италија со Африка.
„Златната мечка“ во категоријата голема награда на жирито на годинашното 66-то издание на Берлиналето ја доби Данис Тановиќ за филмот „Смрт во Сараево“, додека наградата во категоријата за најдобар режисер ја доби француската режисерка Миа Хансен-Лав за филмот „Работите кои ќе дојдат“.
Наградата во категоријата за најдобро сценарио освои полскиот режисер Томас Василевски за филмот „Обединетите држави на љубовта“ инаку во полско-шведска продукција.
Наградата за доживотно дело пак ја доби германскиот кинематографер Михаел Балхаус.
На годинашното 66. издание на Берлинале кој започна на 11 февруари беа прикажани 434 филмови од 77 земји, додека 18 филмови се натпреваруваа за наградите „Златна мечка“ и „Сребрена мечка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.