Филмот „Дете на злото“ пристигнува на 3-ти март во киното „Синаплекс“ и 3Д Кино Битола.
Грета, млада девојка од Америка, барајќи начин да побегне од проблематичното минато, прифаќа работа во малиот англиски град како дадилка на осмогодишно момче од богато семејство додека тие се на долг одмор.
Веднаш при пристигнувањето Грета открива дека детето всушност е кукла во природна големина на момче која богатиот пар ја користи како одбрамбен механизам од прифаќањето на смртта на синот пред две децении.
Сепак, Грета одлучува да остане, но кога нема да ги испочитува строгите правила за негово негување, серија вознемирувачки и необјасниви случувања ја доведува Грета до најголемите ноќни мори, наведувајќи ја да верува дека куклата всушност е жива. Хорор филмовите се специфична филмска категорија во која љубителите на филмовите уживаат или пак сосема ги мразат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на романот „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева во Библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
„Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах
-
Смртна казна за познат писател на крими-романи: Злосторството го прераскажал во роман
-
„Антолог“ ја објави книгата „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ