a fjo
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа од денеска го има најдобриот ранкинг во својата кариера.
Иако Лина беше елиминирана уште во првото коло на турнирот во Анталија на почетокот на февруари, благодарение на падот на тие пред неа таа се искачи за пет места на најновата ВТА ранг листа. Така, таа од денеска е на 323. место што е за три позиции подобар пласман од нејзиниот најдобар досегашен кој датираше од средината на минатата година.
Од денеска, Ѓорческа ќе учествува на турнирот во италијанскиот град Беинаско каде е рангирана како 11. носителка. Тоа треба да биде вистински тест за нејзините можности бидејќи на турнирот учествуваат неколку квалитетни тенисерки меѓу кои прва фаворитка е Швајцарката, Ромина Опрандо. Прв противник на Ѓорческа е домашната тенисерка Џулија Паироне.
На врвот на ВТА-листата е неприкосновената Серена Вилијамс со 9245 бода, дури 3500 повеќе од второпласираната Анџелика Кербер, а на третото место се најде Агњешка Радванска со 5210 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.