| четврток, 6 декември 2018 |

Со најдобрата партија откако е во Вардар, Лејно заслужено е избрана во „Три ѕвезди“ и во топ-5 одбрани (видео)

vardar-buducnost-18

 

Француската репрезентативка на голот на ЖРК Вардар Амандин Лејно беше убедливо најдобриот поединец во црвено-црниот табор во големата победа над Будуќност од 26-24.
Лејно успеа да одбрани неверојатни 19 удари кон нејзиниот гол, а тоа ЕХФ-ТВ знаеше да го цени сосема заслужено ја избра во категоријата „Три ѕвезди“ во петтото коло. Покрај неа во оваа категорија се уште Тине Станге од Ларвик и Александра До Насименто од Баја Маре.
Доказ за добрата партија е и изборот во Топ-5 одбрани на колото каде Лејно се најде на второто место зад Подобра од неа е само Јана Краузе од Турингер.

Три ѕвезди:

Тина Станге (Ларвик) 9 гола
Александра До Насименто (Баја Маре) 9 гола
Амандин Лејно (Вардар) 19 одбрани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top