| четврток, 6 декември 2018 |

Модна икона: со оваа комбинација Северина покажа дека е кралица на стилот (фото)

За стилот на Северина секогаш се зборува, а нејзините модни комбинации ја воодушевуваат јавноста. Овој пат реши на сите да ни даде и еден моден совет.

sverina-1-574x330

Себриан пред неколку дена се врати од медениот месец кој го помина на Тајланд, каде уживаше во топлото време. Кога се вратила дома ја пречка врнежливо време,а  таа решила со својот аутфит да внесе малку радост.

Пејачката на нејзиниот профил на Инстаграм споделила фотографија со коментар „кога надвор е сиво ти облечи се во шаренило“.И навистина, на Северина оваа модна комбинација одлично и стои, а нејзината насмевка сведочи дека токму оваа е рецепт да го разбиете секојдневното февруарско сивило.

sevka-2

Нејзината фотографија во рекордно време собра голем број на лајкови, а нејзиниот совет би требале сите да го прифатиме и да го обоиме денот со весели бои!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top