Градежната екипа што ги изведува работите на воениот аеродром Церкље на Крка пронашле десет костури за кои се претпоставува дека се остатоци од луѓе убиени за време на Втората светска војна или во првите повоени месеци.
Членови на одборот за одбрана на словенечкиот парламент за пронаоѓањето на човечките остатоци го инфомрирале министерот за одбрана Роман Јикиќ, кажувајќи му дека според првичните наоди жртвите биле убиени од огнено оружје.
Со посмртните останки на истата локација, пренесува Хина, биле пронајдени и патрони од куршуми, остатоци од војнички чизми и ремени.
Посмртните останки на убиените ќе бидат префрлени во Заводот за судска медицина за да се утврди старосната возраст на жртвите и официјално да се одреди причината за смртта, а сите градежни работи на локацијата се одложени до следната наредба.
Аеродромската писта во Церље е изградена во 1938 година, од 1941 до 1945 година тука свој логор имала германската војска, а во 1945 година го презеле партизаните.
Словенија во модернизација и проширување на аеродромот, што почна пред неколку години, планира да инестира 25 милиони евра, а покрај воената служба би имала и цивилна намена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


