| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ преголем за „соколите“, Купот вратен во Аеродром

mzt-sokoli-210216

По една година пауза МЗТ Скопје повторно го освои Купот на Македонија. Во едно крајно неизвесно финале „Металците“ успеаа да слават против Карпош Соколи со резултат 68-62.

МЗТ наиде на силен отпор од противникот против кого имаат стопроцентен ефект сезонава. Но, сепак на крај искуството беше решавачко, ги искористија грешките на неискусниот состав на Карпош Соколи во завршницата и сосема заслужено стигнаа до четвртиот трофеј во последните пет години, односно вкупно осмиот во клупската историја.

Кај МЗТ Скопје најефикасни беа Ѓорѓе Дреновац со 16 поени, а Мијатовиќ, Љубичиќ и Урош Луковиќ постигнаа по 10 поени. Најпрецизен кај Карпош соколи беше Кнежевиќ со 14 поени.

Аеродромци сега му се доближија на вечниот ривал Работнички и имаат само еден трофеј помалку на листата на најдобрите во Купот на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top